Здружението на судската администрација ја известува јавноста дека по нашето официјално барање за поддршка, добивме позитивен одговор од Здружението на судии.
Со писмен допис, Здружението на судии ја изрази својата поддршка за нашите легитимни барања, препознавајќи ја важноста на судската администрација како неразделен дел од функционирањето на судскиот систем.
Оваа поддршка претставува значаен поттик за нашите понатамошни активности и потврда дека подобрувањето на статусот и условите за работа на судската администрација е прашање од заеднички интерес за целокупното правосудство.
Изразуваме искрена благодарност до Здружението на судии за покажаното разбирање, професионалност и солидарност. Веруваме дека со заеднички пристап и меѓусебна соработка ќе придонесеме кон поефикасен, поквалитетен и посилен судски систем.
Во прилог на ова соопштение го објавуваме и писмото за поддршка, во интерес на транспарентното информирање на јавноста.