Собрание

Највисок орган на Здружението е Собранието. Собранието е составено од претставници на подружниците, а бројот на претставниците во Собранието зависи од бројот на членовите што ги има секоја подружница. Секоја подружница има право на еден претставник на секои започнати 20 членови, но не повеќе од 3 претставници. Собранието се одржува најмалку еднаш годишно, а го свикува Претседателот на Здружението.

Собранието има задача да :

  • Го донесе Статутот на Здружението и дава автентично толкување на истиот;
  • Донесува деловник за работа; Усвојува програма, годишен извештај, насоки и план за работа;
  • Усвојува завршна сметка и финансиски план; Одлучува за промена на целите на здружението;
  • Одлучува за основање и укинување на други облици на организирање на Здружението;
  • Го избира и разрешува Претседателот на Здружението, Управниот одбор и Надзорниот одбор во целост или само дел од нивните членови. Избира други тела на Здружението;
  • Усвојува измени и дополнувања на статутот и другите акти;

Собранието може да биде вонредно или редовно, а на секои четири години се одржува изборно Собрание. Седница на Собраниет се свикува и по предлог на Управниот одбор, Надзорниот одбор, по барање на една третина од подружниците или една петтина од членовите на Здружението.Во предлогот за свикување на Собранието треба да бидат содржани и причините за свикувањето. Со Собранието раководи Претседателот на Здружението. Собранието работи врз основа на Деловник за работа. Работењето е полноважно доколку на Собранието се присутни повеќе од половина од членовите. Одлуките се донесуваат со јавно гласање, а за некои прашања, по одлука на Собранието, гласањето може да биде тајно. За полноважност на одлуките потребно е обично мнозинство од присутните претставници. Собранието се свикува на крајот на календарската година или на почетокот на следната.