Претседател на ЗСА / подпретседател на ЗСА

Претседател на ЗСА

Претседателот на ЗСА по функција е и Претседател на УО. Мандатот на Претседателот трае 5 години со право на реизбор. 
Претседателот го претставува Здружението, ги потпишува сите акти на Здружението и може да даде предлог за свикување вонредни седници на Собранието. 
Ги извршува заклучоците на телата на ЗСА во случаи кога тоа не е непосредна надлежност на УО.

Потпретседател на ЗСА

Потпретседателот го избира УО на својата прва седница. Потпретседателот е член на УО и неговиот мандат трае 4 години со право на уште еден избор. Тој ги врши работите на Претседателот во случаи кога Претседателот е отсутен или спречен во извршувањето на своите обврски.