Зачленување

Кој може да биде член?  

Член на Здружението на судската  администрација на Република Македонија, може да биде секој вработен во судовите на територијата на Република Македонија.        

Како се станува член ?

Членството се стекнува со своерачно потпишување пристапница за прифаќање на статутот и кодексот за судска администрација.
Пристапниците, преку подружницата се доставуваат до Управниот одбор на здружението, кој води евиденција на членството на Здружението.       

Почесен член!

За почесен член на Здружението може да биде именуван граѓанин на Република Македонија или странски државјанин кој значително придонесол кон развојот на Здружението, судството воопшто како и заподобрување на условите во кои работаат членовите на здружението.
Иницијатива за прогласување на почесен член може да биде покрената од секоја подружница на Здружението и тоа од најмалку 20 членови на Здружението или Управниот одбор.
Одлука за прогласување почесен член донесува Собранието на Здружението на предлог на Управниот одбор на Здружението.

Права на членовите на Здружението

Членовите имаат право да учествуваат во работата на Здружението, како и да избира и да биде избран во органите и телата на Здружението.    
Исто така членовите имаат право да бидат на најсоодветен начин информирани за работата на Здружението и да бараат од органите информации и активности по одредени прашања, како и да ужива во придобивките остварени од активностите на Здружението.

Должности на членовите на Здружението

Активно да учествуваат во работата на подружницата и да ги исполнува задачите што за него произлегуваат од статутот, другите општи акти како и од одлуките и заклучоците донесени од органите и телата на Здружението.

Да го почитува Кодексот за судска администрација и редовно да ја плаќа членарината чиј износ е определен на противвредност од 1 евро на месечно ниво. Членарината се плаќа на сметката на Здружението

Членството во Здружението престанува со доброволно истапување, со исклучување, со престанок на плаќање членарина  најмалку 6 месеци последователно, со престанок на звањето судски службеник или во случај на смрт.

Членството може и да се обнови и тоа на начин што судскиот службеник на кој му престанало членството во Здружението по било кој основ, освен по основот исклучување, повторно своерачно потпише пристапница за членство во Здружението и плати паричен износ на име членарина, кој износ ќе биде еднаков на неплатената членарина зголемен за 20%.