ЗСА е здружение кое се залага за професионална и ефикасна судска администрација, активно се застапува за правата на вработените во судската админстрација и за подобрување на условите за работа со цел да придонесе кон спроведување на реформите на судскиот систем во РМ.
Статусот, правата, должностите, одговорностите на судската служба и системот на плати и надоместоци на плати на судската служба се уредуваат со Законот за судска служба, кој е донесен на 04.08.2008 година и Законот за изменување и дополнување на Законот за судска служба објавен во Сл. весник на РМ бр. 150/10 од 18.11.2010 година.
Со донесувањето на Законот за судска служба, судските службеници се одделија од групата на државни службеници, чиј статус беше уреден со Законот за државните службеници. Со истиот закон се утврдува дека судската служба ја сочинуваат судските службеници, лица вработени во судовите кои вршат технички и помошни работи и судската полиција.
Законот за судска служба даде можност судските службеници во Република Македонија, на 18 јуни 2009 год да го основаат своето Здружение на судска администрација на Република Македонија (ЗСА) заради остварување на своите интереси, унапредување и професионално вршење на работите.
Од своето основање па до сега Здружението, како легитимен партнер на организациите и институциите со кои соработува, во и надвор од РМ, придонесува кон подобрена, професионална и ефикасна судска администрација. Преку активна соработка на членството и подружниците на сите нивоа, Здружението е активно вклучено при измена и донесување на законска регулатива во областа на правосудството.
Воедно, како професионално и одржливо здружение претставува значаен фактор во унапредување на положбата и условите за работа на судската админстрација и влијае за подигнување на степенот на професионалност на судската администрација преку континуирана едукација и обуки. Како организација-матица која опфаќа најголем дел од судската администрација се застапува и залага за унапредување на правата на вработените во судска администрација. Со своето транспарентно и отчетно работење придонесува за зголемена доверба на јавноста кон судската администрација и воопшто кон судството.
За свои главни активности ги брои следните:
- Учество при изготвување и лобирање за подобрување на законска регулатива за СА и судство
- Информирање на јавноста со цел зголемување на довербата кон судската администрација
- Застапување за подобрување на условите во кои работи СА
- Информирање и развој на вештини на членството
- Обезбедување на услуги за членството на ЗСА (правна заштита, заштита на достоинството) и нивно активирање во ЗСА
- Соработка со други сродни асоцијации во земјата и странство
- Развој и одржливост на ЗСА
За свои клучни вредности и пристап ги има:
- Професионална, ефикасна и ефективна судска администрација како еден од предусловите за судските реформи
- Посветеност, Работливост, Навременост, Колегијалност и Коректност на членовите на ЗСА во односот со своите целни групи/корисници, соработници и партнери
- Заштита на достоинството и угледот на судската администрација
- Отвореност за соработка со други организации и институтции
- Отвореност за учење и стекнување на нови знаења и искуства
- Транспарентност и отчетност во работењето
- Еднаков пристап во работата кон сите членови на здружението
Јасно дефинираниот фокус и интереси на членовите презентирани на Собранието, јасната фокусираност во делувањето на здружението, посветениот Управен одбор и раководство за развој на организацијата, екпсертизата за законски промени во законот за судска служба,партиципативното носење на одлуки, големото членство, во моментов на број 1091 членови, организирано во 26 подружници, високата мотивација кај членството, способноста за тимска работа како предности на нашето здужение одат во прилог кон исполнување на долгорочно поставента цел на ЗСА за градење на професионална, ефикасна, ефективна, независна и самостојна судска власт како приоритет во процесот на Евро интеграции.
На патот кон оставарувањето на оваа долгорочна цел ЗСА ги поставувмеа и веќе исполнувме следните активности кон оставарувањето на следните три премостувачки фактори :
- Зголемување на професионалноста и ефикасноста на судската администрација преку
- Преку Активно вклучување на членството во работата на органите на ЗСА
- Развој и спроведување на Програма за развој на вештини на членството
- Воспоставување на соработка со цел размена на искуства со други сродни асоцијации во земјата и странство
- Подобрување на условите во кои работи СА (просторни, технички, материјални итн.)
- Подобрување на нивото на однесување и работење на СА
- Зголемување на влијанието на ЗСА во донесување на Закони и подзаконски акти од областа на правосудството преку
- Измена на Законот за судска служба
- Изготвување, изменување и донесување на други закони и подзаконски акти (Закон за судови, Закон за Академија за обука на судии и јавни обвинители, Судскиот деловник и др)
- Поддршка на процесот на донесување на нов Колективен договор (помеѓу УПОЗ и Министерство за правда)
- Зголемување на довербата на јавноста кон судската администрација и судовите преку
- Подобрување на комуникација на ЗСА со јавноста
- Зголемување на транспаретност и отчетност на ЗСА
- Заштита на достоинството и угледот на членови на ЗСА
Во контекст на исполнувањето на напоментатите цели ЗСА ги истакнува следните клучни активности и резултатите од своето 18 месечно функционирање:
- Спроведе проценка на организациски потреби вклучувајќи различни структури на здружението;
- Изготви и донесе план за градење и јакнење на капацитетите на здружението во организациска и институционална смислa;
- Донесе стратешки план и е во постапка на имплементација три годишен план на активности, пропратен со конкретен буџет и временска рамка;
- Го изготви и промовираше својот прв Информатор;
- Донесе стратегија за комуникации;
- Содржински и суштински ја подржа работата на членови на Работната Група при Министерстово за правда при изработката на Предлог законот на изменување и дополнување на Законот за судска служба изготвувајќи целосен текст на Предлог закон;
- Учествуваше со свои претставници, предлози, и техничка подршка во процесот на проценка на потребите од обука на вработените во судската служба во Советодавната комисија за изготвување на Програмата за обука на судската служба – 2010-2013 при Академијата за обука на судии и јавни обвинители на РМ;
- Го подржа спроведувањето на Програмата за обука на судската служба организирајќи и спроведувајќи обуки предвидени во Програматa;
- Спроведе, со подршка на УСАИД Проектот за имплементација на судските реформи две обуки при што се изградија капацитетите на членството во областа на управување со проектен циклус и застапување, креирање на ефикасни
- партнерства и соработка со институциите.
ВИЗИЈА: ЗСА – партнер кон поефикасно судство
ЗСА е професионално, препознатливо, влијателно и финансиски зајакнато здружение кое обезбедува заштита на достоинството и угледот, го подобрува статусот на судската администрација и дава придонес кон владеење на правото.
МИСИЈА:
ЗСА ги застапува интересите на судската администрација преку лобирање и учество во законодавни комисии, ги подобрува капацитетите на судската администрација преку организирање на обуки и работилници и воспоставува соработка со други сродни здруженија и институции, со својата стручна служба спроведува проекти од областа на правото и обезбедува професионални услуги за заштита на правата на граѓаните.