Управниот одбор го сочинуваат 11 членови вклучувајќи го и Претседателот на Здружението, кој е и Претседател на УО. Мандатот на членовите на УО трае 4 години со право на уште еден избор. На првата седница УО од своите редови избира потпретседател на Здружението и Секретар кој не е член на УО. Работата на УО е преку седници кои ги свикува Претседателот на Здружението, по сопствена иницијатива или по иницијатива на најмалку 5 членови од УО. Иницијатива за свикување седница може да поднесат и НО, комисија, подружница, или најмалку 20 члена на Здружението.
Управниот одбор на седниците може да работи ако се присутни повеќе од половината членови. Одлуките и заклучоците се донесуваат со мнозинство гласови од присутните членови.
УО ги има следните овластувања:
- Ги подготвува седниците на Собранието и ја спроведува политиката, заклучоците и одлуките донесени од Собранието.
- Предлага измени и дополнувања на Статутот; Донесува стратешки план за работа на Здружението и други општи акти; Донесува деловник за својата работа и за работата на комисиите.
- Дава насоки за стручно усовршување на судската администрација. Формира комисии од постојан или привремен карактер за остварување на целите и задачите на Здружението. Одлучува за соработка и зачленување во други сродни организации.
- Подготвува годишен и периодичен извештај за својата работа и донесува одлука за формирање стручна служба и врши контрола врз нејзината работа.
Активни членови на Управен одбор
Соња Груевска | Врховен суд |
Теодора Андреевска | Апелационен суд Битола |
Мери Ивановска | Основен суд Скопје 1 |
Александра Котески | Основен суд Скопје 2 |
Основен суд Кавадарци | |
Борче Мирчески | Основен суд Охрид |
Владо Јанев | Основен суд Струмица |
Дарко Лазаревски | Основен суд Куманово |
Димитар Жоглев | Основен суд Битола |
Сузана Варналиева | Основен суд Велес |