УЧЕСТВО НА ЗСА НА ЧЕТВРТАТА РАБОТИЛНИЦА ЗА ОДГОВОРНОСТ, ЕФЕКТИВНОСТ И ТРАНСПАРЕНТНОСТ ВО СУДСТВОТО

ЗСА бр.17/2020
05.10.2020

На 01.10.2020 и 02.10.2020 година се одржа четвртата Работилница за одговорност, ефективност и транспарентност во судството, во рамките на проектот „Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството“ наменета за судии и судска служба на судовите од подрачјето на Апелационен суд Скопје..

На работилницата се дискутираше за теми од областа на ефикасноста, ефективноста и транспарентноста на работењето на судовите, од аспект на судиите и судската служба. Беа дискутирани предизвиците со кои судиите и судската служба се соочуваат при својата работа, условите за нивната ефективност и ефикасност и потребата за транспарентност.

Предавачи на работилницата беа директорката на Академијата за судии и јавни обвинители – Наташа Габер-Дамјановска, проф. Д-р Гордана Лажетиќ од Правниот факултет Јустинијан Први, Лидија Таневска Јадровска – Шеф на кабинет на Претседателот на Врховниот суд на РСМ и судија Лазар Нанев од ОС Кавадарци.

Сашко Георгиев, како претставник на Судскиот совет на РСМ, зборуваше за транспарентност, отчетност и ефективност на Судскиот совет на РСМ и за заложбите и реализирани активности произлезени од законските надлежности на Судскиот совет на РСМ.

Проектот „Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството“ е финансиран од страна на ЕУ преку СФЦС и Британската амбасада Скопје a е имплементиран од Институтот за човекови права во партнерство со Центар за правни истражувања и анализи со поддршка на Здружение на судиите на Република Македонија и Здружение на судска администрација како здруженија соработници.

Судови во Република Северна Македонија