Средба со министерот за правда проф.д-р Никола Тупанчески

На ден 07.03.2022 година се одржа работна средба на претседателот на ЗСА, Сашо Темелкоски со министерот за правда во Владата на РСМ, проф.д-р Никола Тупанчески. На средбата присуствуваше и Маја Малјановска, раководител на сектор во Министерството за правда.

На средбата во име на ЗСА му бешечеститан изборот на министерот со желби за успешна работа. Изразена е подготвеност на ЗСА за соработка со Министерството во сите сегменти кои ја засегаат работата, професионалниот и материјален статус на вработените во судската служба.

Министерот беше запознат со активностите на ЗСА од неговото основање до денес, статусот и пложбата на вработените во судската служба согласно Занот за судска служба од 2008 година, уназадувањето на нашиот професионален статус со Законот за судска служба од 2014 година и континуираните барања за негова измена со прифаќање на спецификите на работа на судските службеници како дел од судската власт. Министерот е информиран дека работната група за измена на Законот за судска служба е формирана уште во февруари 2021 година но до денес има одржана само една седница.

Министерот за правда наведе дека анализирајќи ги зацртаните а нереализирани цели на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017-2022 година, констатирал дека недонесувањето на нов Закон за судска служба е една таква нереализирана цел. Од тие причини се заложи да се ангажира за забрзување на процесот на работа по овој закон каде ЗСА ќе биде вклучено бидејќи областа и проблемите со кои се соочуваат најдобро ја познаваат самите судски службеници.

Од моја страна е актуелизирано и прашањето за лошата материјална положба на вработените во судската служба каде добар дел од платите на вработените се граничат со минималната плата а истовремено побарана е информација за ветените а сеуште нереализирани 15% покачување на плата. Одговор на министерот беше дека е свесен за таквата состојба и дека и негова заложба е реализација на ветеното покачување но дека во моментот нема информација кога истото ќе се реализира бидејќи тоа треба да биде одлука на целата Влада.

Договорено е ЗСА и Министерството за правда да останат во контакт за секое актуелно прашање и информација во однос на професионалниот и материјален статус на вработените во судската служба.

Судови во Република Северна Македонија