СЕДНИЦИ НА УПРАВНИОТ ОДБОР И НА ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА ПОДРУЖНИЦИ НА ЗСА

По одржаните седници на Управниот одбор на ЗСА од 30.01.2020 година и состанокот на претседателот на ЗСА со претседателите на подружниците од 11.02.2020 година, утврдени се насоките на дејствување на здружението во првата половина од оваа година.

-Согласно чл.14 од Статутот на ЗСА, во втората половина од месец април 2020 г. Претседателот на ЗСА да достави допис за одржување состаноци на подружниците на ЗСА со цел избор на  претседатели на подружници  (заради истек на четиригодишниот мандат на актуелните претседатели) .

-Во  месец мај 2020 да се одржи годишно собрание на ЗСА .  Предлог теми на собранието покрај редовниот годишен работен и финансиски извештај, да бидат предлози за измена и дополнување на статутот на ЗСА,  донесување на Деловник за работа на Собранието, претставување на избраните претседатели на подружници и  утврдување на насоки и план за
работа на ЗСА во наредниот период.

– Со Одлуката  на Управниот одбор,  за потпретседател на ЗСА е избрана Сузана Коцева, судски службеник на ОС Кавадарци и член на Управниот одбор.Согласно чл.20 ст.6 од Статутот , потпретседателот на ЗСА го избира Управниот одбор од своите редови.

Судови во Република Северна Македонија