Здружението на судската администрација (ЗСА) и Синдикатот на работниците на УПОЗ на ден 05.11.2019 година на заедничка прес конференција реагираат на одлуката на Судскиот буџетски совет за исплата на додатоци на плата со која додатоците на плата на судиите за септември и октомври се зголемени за 10 проценти, а на судските службеници за пет отсто.
Тоа предизвика реакција на вработените во судовите поради отсуство на критериум врз основа на кој една категорија на вработени во судовите се одделуваат од останатите вработени. Судската служба има легитимно право да бара од Судскиот буџетски совет одговор врз кој критериум една категорија на вработени добива додаток на плата двојно повисок од судските службеници.