Отворена дебата на тема: „Финансискиот аспект на реформите во судството“.

Почитувани претседатели на подружници,

        Ве информирам дека по покана на Институтот за европска политика и Здружението на судии, на ден 02.09.2021 година присуствував на online регионална отворена дебата на тема: „Финансискиот аспект на реформите во судството“.

        Свои излагања имаа Министерот за правда,  Бојан  Маричиќ, претседателката  на Судскиот совет на РСМ, Павлина Црвенковска, претседателот на Здружение на судии, Џемали Саити, претседателот на Основен суд Штип, Ѓорѓи Андонов и раководител на Одделението за буџет и фондови при Министерство за финансии, Tоше Пановски.

       На средбата е потенцирано дека темата не е нова а финансиската независност и зголемувањето на платите во судството е предмет на дискусија повеќе години. Но прашањето е сеуште отворено иако значаен придонес кон финансиското осамостојување на судската власт е донесувањето на Законот за судски буџето од 2003 година и неговата измена од 2010 година со која се предвидува определување на судскиот буџет како процент од Бруто домашниот производ.  За жал овој законски процент од 0,8% од бруто домашниот производ ниту до денес не е имплементиран а во дебатата се разви дискусија и по однос на причините за тоа  со делуно спротивставени ставови од страна на претставниците на судството и претставникот на Министерството за финансии.

Во однос на судската служба, Министерот за правда потврди дека ќе биде реализирано  покачувањето на платите на судиите и вработените во судската служба. Претседателката на Судскиот совет истакна дека во насока на поголема финансиска независност,  по примерот на собраниската служба, Годишните планови за вработување треба да бидат одобрувани од страна на СБС во рамките на одобрениотт буџет со што би се избегнала актуелната состојба на долгата постапка на одобрување на тие планови.

Од страна на претставникот на Министерството за финансии беше наведено дека во изминатите неколку години се зголемени финансиските средства  за судовите што придонело за подобрување на нивната финансиска состојба по однос на исполнување на обврските со тенденција во нарената година истите да се сведат на минимум. Од минатата година во судовите за првпат по донесување на Законот за судска служба се одобрени и финансиски средства за унапредување на судските службеници а  нивно становиште е дека овој процес може да продолжи и во наредните години бидејќи  истиот не  е во колизија со политиката на  Владата на РСМ за намалување на јавната администрација.

Во рамкте на дебатата укажав на неопходностаа од финансиската реформа  во делот на плати во судската служба бидејќи висината на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во најголем дел од службата е под просечната плата исплатена во РСМ а за дел од вработените истата е во висина на гарантираната минимална плата исплатена во државата. Истовремено потребата од финансиската независност се однесува и на сферата на вработувањето, пополнување на упразнетите работните места и напредувањето на вработените. Судовите  се соочуваат со долгата и сложена постапка по однос на одобрувањето на Годишните планови за вработување од страна на МИнистерството за финансии и Министерството за информатичко општество и администрација што негативно се одразува  на организациските капацитети на судовите и ефикасноста во извршување на работните здачи. Најавеното покачување на платите од 15% за судиите  треба најмалку подеднакво да се однесува и на вработените во судската служба. бидејќи зголемувањето од 15% на судсика плата не е исто што и зголемување на плата од 15 % на плата на судски службеник а со оглед на висината на нивната месечни  примања.

Претседателот на Здружението на судии нагласи дека при разговорите во Министерството за правда, разговарано било за синхронизирано покачување на платите за судиите и вработените во судската служба.

Во рамките на дебатата беше изразена загриженост што  сеуште не се реализирани   измените на Законот за судска служба и Законот за плати на судиите.

Со почит,

Сашо Темелкоски

Судови во Република Северна Македонија