🔺 На 29 и 30 октомври се одржа дводневното четиринаесетто Годишно Собрание на Здружението на судската администрација, на кое се дискутираше за повеќе актуелни прашања и предизвици со кои се соочуваат судските службеници, со посебен акцент на нивниот статус и положба согласно новиот Закон за судска служба, чија примена започнува од јануари 2027 година.
👉 Во текот на дискусиите беше изразена загриженост дека наместо новото законско решение да придонесе кон унапредување на положбата на судските службеници, постои опасност тоа дополнително да ги продлабочи разликите, да создаде поделби и раздор меѓу вработените во судската администрација.
📍Нашиот став е јасен: новите законски решенија треба да обединуваат, да унапредуваат и да обезбедуваат достоинствен статус и еднакви можности, а не да создаваат нови поделби.
‼️ Здружението и досега беше активен чинител во застапувањето на интересите и правата на судските службеници, но од овој момент нашата посветеност ќе биде уште посилна, а нашиот глас уште погласен и поодлучен.
‼️ Ќе продолжиме гласно, аргументирано и истрајно да ги застапуваме нашите права, да укажуваме на неправдите и да бараме решенија што ќе значат вистинско унапредување на статусот на судската администрација.
🛑 Судската администрација не е спореден дел од правосудниот систем. Таа е негов неопходен и нераскинлив столб.
👉 Време е тоа да се препознае, вреднува и соодветно да се почитува!
🤝 Заедно сме посилни. Заедно ќе се избориме за достоинството, правата и статусот што го заслужуваме!








