Со цел организирано, координирано и професионално спроведување на целите и активностите зацртани во Стратешкиот план и Планот на активности, УО на Здружението на судската администрација на РМ формираше седум комисии. Секоја од нив, во состав од по 5 члена и 5 заменици, со манадат од четири години, има за цел остварување на следните активности:
- Комисијата за едукација на судската администрација, превзема потребни активности во сферата на стручно доусовршување на судската администрација. Меѓу првите активности на Комисијата ќе се вброи изработка на Програма за обуки и стручно доусовршување и Програма за обуки за работа на организацијата и професионален развој на вештините на членовите. Континуирано, оваа Комисија ќе презема активности поврзани со испорака на обуки за членовите на Здружението во насока на развој на знаењата и вештините на членството.
- Комисијата за застапување и лобирање, превзема активности поврзани со застапување и лобирање пред релевантни фактори во насока на реализирање на поставените стратешките цели предвидени со Стратешкиот план на Здружението.
- Комисијата за обезбедување услуги и заштита на судска администрација, превзема активности насочени кон обезбедување на квалитетни услуги на корисниците и се грижи за заштита на достоинството и угледот на членовите на Здружението.
- Комисијата за меѓународна соработка, воспоставува контакти (состаноци, меѓународни конференции, студиски патувања, обуки) и соработка со сродни странски институции/донатори со цел размена на искуства и најдобри начини за имплементација на наученото во рамките на судството на РМ.
- Комисијата за етика, ќе ги постави рамките на етичко однесување преку изготвување на Кодекс на етика и стандарди на добро однесување. Истата ќе превзема активности поврзани со воспоставување на системот на наградување и санкционирање.
- Комисијата за стратешко планирање и развој, презема активности насочени кон мониторинг, евалуација на имплементацијата, и по потреба измена на усвоените стратегии и планирани активности на Здружението.
- Комисијата за односи со јавност, има за цел да превзема активности насочени кон претставување и промовирање на Здружението во јавноста и пред донаторска заедница, воспоставување на односи со медиумите, а се со цел да се зголеми довербата на корисниците на услугите на судската администрација и да се зголеми довербата на граѓаните во работата на судската адмнистрација. Фокусирана е кон градење на претпознатлив идентитет – имиџ на Здружението во јавноста, создавање на партнерство и соработка со сите засегнати страни во комуникација со самото членство со цел да се подобри комуникацијата со јавноста, транспаретноста и отчетноста на Здружението.
| Комисија за едукација на судската администрација | |
|---|---|
| Комисија за застапување и лобирање | |
| Комисија за обезбедување услуги и заштита на судска администрација | |
| Комисија за меѓународна соработка | |
| Комисија за етика | |
| Комисија за стратешко планирање и развој | |
| Комисија за односи со јавност |