Дијалог за јавни политики „Имплементација на стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017-2022

Почитувани,

         Ве известувам дека во својство на  претставник на ЗСА,  на ден 15.09.2021 година , присуствував на онлајн настан – Дијалог за јавни политики „Имплементација на стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017-2022 година- до каде сме и што понатаму“ во организација на Институтот за европска политика – Скопје, каде свои излагања има министерот за правда Бојан Маричиќ, претседателката на Судски совет Павлина Црвенкоска, Антонио Лолевски член на Советот на јавни обвинители, Бетим Јахја  – судија на Основен суд Тетовоо и чледн на Здруженеи на судии, Максим Ацевски – Главен државен ревизор, Билјана Иваноска, претседателка на ДКСК, Фросина Тасевска – сектор за ЕУ при Министерство за правда, Ана Павлоска Данева – претседателка на работната група која  што ја изготвуваше Стратегијата и Акцискиот план за реформа во правосудството, Гоце Коцевски, проектен координатор на Блупринт групата  за реформи во правосудството, Ива Цоневска проектен менаџер на Институтот за европска политика и Александар петковски –претставник на асоцијацијата за развојни иницијативи Зенит-Скопје.

                Од аспект на претставниците на различните правосудни институции беа истакнати спроведените и неспроведени активности од Стратегијата и потребата во најскоро време  да се отпочне со формирање на работната група која ќе започне веќе со подготовка на страгеија за  рефоми во наредниот временси ериод.

                Во однос на судската служба, наведов дека иако согласно Акцискиот план, новиот Законот за судска служба требаше да биде веќе  донесен, се касни со спроведувањето на овој дел од Стратегијата бидејќи освен формирањето на работната група не се превземени други активности. Крајно негативен ефекти би имало решение повторно да се чека изработката на Законот за јавни и Закнот за административни службеници па решенијата во овие два закони да се „пресликаат“ во новиот Закот како што тоа беше во 2014 година.

                 Во овој контекст би го споменал излагањето и на проф.Ана Павлоска Данева, претседател на работната група која ја изработи Страгегијата за реформа на правосудниот сектор 2017-2022 година, која помеѓу другото ја истакна  стратешката насока за поголема самостојност на судската судката служба. По примерот на собраниската служба зад  чија поголема самостојност застанаа Претседателот на Собрание на РСМ, Генералниот секретар на Совбранието и сите пратенички групи, таа упати апел до  Судскиот совет, Здружението на судии и највисоките судски инстанци да застанат зад судската служба и да ја отргнат од поистоветувањето со администрастивните службеници бидејќи работата на судски службеник не е иста со работата на службеник во министерство.

                Во делот од излагања кои се осврнаа на судската служба, би го издвоил и излагањето на Главниот Државниотт ревизор Максим Димитриевски кој наведе дека за него е неразбирливо и од кадровски и од финасиски аспект оптеретувањеето на судовите  секој поединечно да спроведуваат јавни набавки по однос на материјални средства за работа  кои ги користат сите судови. Преку централизираното спроведување на овие набавки за сите судови би се постигнале  помали трошоци на постапките, поповолна цена на  набавките и би се заштедило на ангажман на човечки  ресурси.  

Со почит,

Сашо Темелкоски

Судови во Република Северна Македонија