Денот на правосудтвото

Почитувани,

Здружението на судска администрација како професионално здружение на вработените во судската служба, на сите вработени во судовите, судските службеници судиите, судите поротници, јавни обвинители, правобранители, адвокати, медијатори, нотари, извршители, пробациски службеници, им го честита 31 март – Денот на правосудството во Република Северна Македонија, со желба за успешно извршување на работите од своја надлежност.

Одбележувањето на овој знчаен датум од втемелувањето на судството во Република Македонија, е можност за презентација на постигнатите резултати но истовремено и истакнување на подготвеноста за соочување со предизвиците на современото општество, потребата од поголема ефикасност во работењето и посветеност кон принципите за транспарентност, отчетност и нови повисоки стандарди во своето работење преку примена и на современите технологии.

Со почит
ЗДРУЖЕНИЕ НА СУДСКА АДМИНИСТРАЦИЈА

Судови во Република Северна Македонија