ЗСА со реакција до Судскиот совет

ДО

СУДСКИОТ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Почитуван Претседателе и членови на Судски совет,

Здружението на судска администрација реагира на Листата за вакцинирање од 12.04.2021 година и бара информација врз основа на кои критериуми Судскиот совет ги изработува листите за вакцинирање на вработени во судовите.

 Ако според Националната техничка група за имунизација против Ковид-19, при Министерството за здрвство, вработените во судовите се дел од критичната државна инфраструктура, нејасно е како тоа на листата за вакцинирање од 12.04.2021 без исклучок постои само една категорија на вработени во судовите.

 Зошто Судскиот совет не побара информација за бројот на заболени судски службеници од covid-19 во изминатите месеци кои ги карактеризираат непочитување на мерките и препораките на Влада на РСМ и Комисија за зараззни болести во најголем број од судовите. Можеше ли тие бројки да бидат помали доколку посериозно се менаџираше работењето во вакви пандемиски услови?

 Чувствува ли во судството некој одговорност што за разлика од органите на државната управа и единиците на локална самоуправа, во судовите и понатаму судските службеници работат во писарниците и канцеларии со повеќе свои колеги без можност да одржуваат ниту минимум меѓусебно растојание со што во континуитет го загрозуваат и своето и здравјето на своите семејства..

 Каде е тука правдата и правичноста која треба да биде темелна вредност на секој судски систем почнувајќи од „сопствениот двор“? И не само граѓаните, со вакви поделби дури и кога е во прашање јавното здравје, довербата одамна ја губат и вработените во судската служба.

ЗДРУЖЕНИЕ НА СУДСКА АДМИНИСТРАЦИЈА,

Претседател,

Сашо Темелкоски

Судови во Република Северна Македонија