За проект „безбедност и здравје при работа на вработените во институциите на судскиот систем во Р. Македонија“

МЕСЕЧЕН НАРАТИВЕН ИЗВЕШТАЈ

За проект „безбедност и здравје при работа на вработените

во институциите на судскиот систем во Р. Македонија

Имплементатор: Здружение на судска администрација

МЕСЕЦ: Април 2019

Планирана активност: 

Спроведување на истражување на состојбата со мускулноскелетни заболувања и повреди на вработените во судските институции во РМ, во рамки на активностите на проектот „Безбедност и здравје при работа на вработените во институциите на судскиот систем во Република Македонија“ финансиран од Европската Унија, соработка со испражувачот за изготовка на прирачник со конкретни предлози и препораки за безбедност и здравје при работа.

Очекуван резултат: 

Здружението на судска администрација на Република Македонија во рамките на проектот „Безбедност и здравје при работа на вработените во судските институции во Република Македонија“ објави оглас за ангажирање на истражувач за спроведување на истражување на состојбата со мускулноскелетните заболувања и повреди на вработените во судските институции во РМ. По објавата на огласот, се изврши избор на истражувач експерт од наведената област кој, во текот на месец март и месец април извршуваше истражувања и мерења на работните позиции на вработените во судските институции, се со цел изработка на прирачник со конкретни предлози и препораки за безбедност и здравје при работа.

РЕАЛИЗИРАНИ АКТИВНОСТИ:

По објавата на огласот поставен на страната на ЗСА, конкурираа голем број на експерти од наведената област.

Во текот на месец фебрурари и со истекот на рокот предвиден во огласот за аплицирање на истиот, претседателот на ЗСА во соработка со проектниот координатор извршија избор од пријавените кандидати.

Експерт за спроведување на истражување на состојбата со мускулноскелетните заболувања и повреди на вработените во судските институции во РМ: Д-р Билјана Матевска.

Во соработка со Д-р Матевска, ергономист од своја област, претседателот на ЗСА и проектниот координатор изработија план на активности меѓу кои се определија и судовите во рамки на Република Македонија во кои ќе се спроведат останатите активноти.

Како избор на судови беа определени:

  1. Основен суд Охрид
  2. Основен суд Велес
  3. Основен суд Штип

Изборот на овие три основни судови е поради потребата да се опфатат три апелациони подрачја на Република Македонија, скопското, битолското и штипското апелационо подрачје и поради капацитетот на вработени во истите судови и меѓусебната соработка.

На ден 12/03/2019 година, се одржа состанок помеѓи претставници од Македонското здружение за заштита при работа МЗЗПР, претседателот на Здружението на судска администрација на РМ, Борче Мирчески и проектниот координатор Ангела Младеновска

По состанокот , за потребите на спроведување на проектот од страна на експерт ангажиран во рамки на истиот, Билјана матевска, без извршени мерења на работни места и интервјуа со вработените на различни позиции во Основен суд Охрид за идентификација на мускулноскелетните заболувања кај истите.

Исти активности, на ден 20/03/2019 година без спроведени во Основен суд Штип, каде на ист начин, преку одржување на состанок со претходно наведениот состав, мерења на работни места и спроведување на интервјуа со одредени вработени во Основниот суд во Штип.

10/04/2019 во Основен суд Велес се спроведе идентично истражување за утврдување на состојбите со мускулноскелетните заболувања кај вработените во судските исституции во РМ.

Преку добиените податоци и нивната анализа, од страна на Д-р Матевска во соработка со проектнуиот координатор, како и Македонското здружение за заштита при работа се изработува прирачник со конкретни препораки за превенција на мускулноскелетните заболувања, вежби и совети за правилна употреба на секој предметот од секојдневието во текот на работното време (компјутер, маус, тастатура, стол, маса…..).

Изготовката на прирачникот се очекува да се заврши во текот на месец мај кој истиот ќе биде презентиран од страна на претседателот на ЗСА, како и експерт Д-р Билјана Матевска се со цел да се постигне обемна информираност кај вработените во судските институции во Република Македонија за нивната безбедност и, секако здравје при работа.

ПРЕДИЗВИК:

Изготвување на прирачник по претходно спроведено истражување на состојбата со мускулноскелетните заболувања  и повреди на вработените во судските институции во РМ со конкретни препораки и предлози за заштита при работа.

Судови во Република Северна Македонија