ВТОРА РАБОТИЛНИЦА ЗА ОДГОВОРНОСТ, ЕФЕКТИВНОСТ И ТРАНСПАРЕНТНОСТ ВО СУДСТВОТО

Втората работилница за одговорност, ефективност и транспарентност во судството во рамките на проектот  „Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството“ се оддржа на 31 октомври и 1 ноември во Струмица а наменета за Штипското апелационо подрачје.

Дел од темите кои беа обработени на оваа работилница се транспарентноста, отчетноста и ефективноста на Судскиот совет и транспарентноста на судството воопшто, статусот на судиите според домашните и меѓународните правни рамки, дисциплинската наспроти етичката одговорност на судиите, управување со предмети во функција на интероперабилност и ефикасната комуникација. Предавачите за оваа работилница беа правните експерти Наташа Габер – Дамјановска, Лазар Нанев, проф. д-р Гордана Лажетиќ и Лидија Таневска Јадровска.

Оваа работилница е во рамки на проектот „Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството“ кој е спроведуван од страна на Институтот за човекови права и Центарот за правни истражувања и анализи, а истата е во соработка со Здружение на судии и Здружение на судска администрација, чија цел е зголемувањето на влијанието на здруженијата на граѓани и професионалните здруженија во судските реформи преку нивно заедничко вклучување во оценувањето на работењето на судството, како и ефективна соработка со сите чинители во судството.

Судови во Република Северна Македонија