УЧЕСТВО НА ИНФОРМАТИВНА СЕСИЈА ЗА ПОВИКОТ НА ЦИВИКА МОБИЛИТАС

Здружението на судска администрација учествуваше на информативната сесија во врска со програмата ЦИВИКА МОБИЛИТАС која се одржа на 19 декември, 2014 година во Струга. На оваа сесија присуствуваа двајца претставници на здружението кои при тоа имаа можност да се запознаат со целта на повикот, критериумите за аплицирање, постапката за избор на грантисти и сл.

Повикот беше објавен на 10 декември а крајниот рок за поднесување апликации е до 26 јануари, 2015 година. При поднесувањето на пријавите, претходно потребно е да се пополни прашалник за самооценка преку кој организациите ќе ги утврдат сопствените предности и недостатоци, се со цел да можат полесно да се фокусираат кон изградба на силна и одржлива организација. По пополнувањето на прашалникот, тој заедно со останатата проектна документација е потребно да бидат доставени до соодветната организација.

Здружението на судска администрација како и во повеќе наврати, ќе изготви апликација и ќе учествува на овој повик, со цел да обезбеди финансиска одржливост и развој на самата организација.  

Судови во Република Северна Македонија