На 21 и 24. 08. 2015, организациите членки на Советот за владеење на правото организираа средби на која беа дефинирани стратешките активности на Советот за владеење на правото.
На средбите најпрво беа разгледани поглавјата од нацрт стратешкиот план и се водеше дискусија во поглед на тоа кои содржини ќе бидат прифатени. Потоа, се пристапи кон дефинирање на организационата структура на Советот која веројатно во иднина ќе претрпи измени. Покрај тоа, беше изготвен и разгледан идниот Акциски план на Советот заедно со предлог проекти кои би се имплементирале а се дефинираше и временската рамка за реализација на тие проекти.