Совет за унапредување на соработката, дијалогот и поттикнување на развојот на граѓанскиот сектор

На 27. 01. 2015 година, Здружението на судска администрација зеде учество на работилницата за формирање Совет за унапредување на соработката, дијалогот и поттикнување на развојот на граѓанскиот сектор. Работилницата се одржа во Битоа а беше организирана со цел да се приберат мислењата на граѓанските организации во однос на новата верзија на одлуката за формирање на ваков Совет.

Советот се формира по примерот на слични иницијативи во други земји, каде се покажаа како доста успешни и има за цел да ја поттикне соработката меѓу владата и невладините организации. Истовремено Советот ќе придонесе кон зголемување на соработката меѓу самите невладини организации и унапредување на нивниот ангажман.

За време на работилницата преку дискусии беа прибрани мислења од невладиниот сектор во поглед на составот и начинот на функционирање на советот.

Судови во Република Северна Македонија