На ден 30.03.2022 година во Врховниот суд на РСМ е потпишана Декларација за основање на Совет за отворено судство каде беше покането и во иднина ќе учествува и ЗСА.
Во Советот ќе членуваат Претседателот и претставници на Врховниот суд, Претседателите на Вишиот Управен суд, Апелационен суд Битола и Основниот кривичен суд Скопје, Претставник на Судскиот совет на РСМ, Директорот на Академијата за судии и јавни обвинители како и претставници на шест здруженија на граѓани: Центар за правни истражувања и анализи, Институт за човекови права, Здружение на судии, Здружение на судска адмиинистрација, Македонско здружение на млади правници и Коалиција сите за правично судење.