СЕДНИЦА НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА ЗСА

На ден 23.09.2020 година во Врховен суд на РСМ е одржана седница на Управниот одбор на ЗСА.

На седницата од страна на претседателот на ЗСА поднесен е извештај за тековните активности на ЗСА- учеството во проектот „Заеднички заложби за подобри достигнувања во судството“ каде ЗСА заедно со Здруженеи на судии е партнер на Институтот за човекови права и Центарот за правни анализи.

На 01 и 02. 10.2020 година, ЗСА ќе биде учесник на четвртата работилница од овој проект наменета за Апелационо подрачје Скопје.

Од месец септември 2020 година, ЗСА е учесник и во проектната активност „Заеднички Протокол за унифицирано спроведување и работење во секторот Правда“ и истиот треба да претставува документ од 40-тина страни а во кој ќе бидат разработени – принципот на „пристап до суд“ каде ќе бидат земени во предвид сите законски измени кои влијаат на остварувањето на овој принцип, а дополнително ќе се осврне на зголемена ефективност на работата на судската служба, комуникација помеѓу персоналот на судската служба и граѓаните, како и ефективна комуникација помеѓу судиите и судската служба.

Со оглед на актуелната состојбата со ограничените можности за движење и собирање, на седницата е констатирана можност и потреба од страна на ЗСА да биде организирана обука за вработените во судската служба за користење на Дигитални ИКТ алатки.

Судови во Република Северна Македонија