Меѓународното здружение за судска администрација – ИАЦА, седми пат по ред организира конференција посветена на судството и судската администрација. Овогодинешната конференција ќе биде посветена на „Меѓународните перспективи на судската администрација 10 години подоцна…“ а ќе се одржи во Сиднеј, Австралија од 24ти до 26ти септември. На неа ќе присуствуваат еминентни преставници на судската власт од целиот свет, заради што претставува уникатна можност за средби, соработка и размена на мислења и искуства во поглед на глобалните трендови во судството.
Здружението на судска администрација на Република Македонија и оваа година ќе земе учество на конференција со двајца свои претставници.
Подетални информации во врска со претстојната конференција може да најдете на веб страната на ИАЦА: http://www.iaca.ws/upcoming-conferences.html