Почитуван Претседател и членови на Судскиот буџетски совет,
По добиените реакции од своите членови, Здружението на судска администрација на РСМ го пренесува до Вас отвореното незадоволство на вработените во судската служба од Одлуката за исплата на додатоци за плата за месец декември 2022 година со која вкупниот износ на обезбедени средства е во висина од 20% за судиите, членовите и вработените во Судскиот совет на РСМ и 5% за судските службеници.
Отсуствува транспарентен податок врз основа на кои критериуми е направена ваквата драстична поделба на висината на средства со која за судските службеници повторно како и во месец ноември се обезбедени многу помалку финансиски средства.
Судскиот буџетски совет како да го занемарува фактот дека висината на додатокот на плата на судските службеници се утврдува во процентуален износ од основната плата на судскиот службеник која за голем дел од вработените е блиска до минималната плата во државата.
Од овие причини и со целосна почит кон Вас, укажуваме на очекувањето на судските службеници за рамномерна процентуална висина на обезбедени средства за додатоците на плата. Ова и од причина што и при таква процентуална рамномерност, материјалната висината на додатокот на плата за судските службеници ќе биде многу помала во однос на судиите.
Освен вработени во судовите, сите сме и граѓани и сите подеднакво не погодува економската состојба во која живееме.
Со почит,
ЗДРУЖЕНИЕ НА СУДСКА АДМИНИСТРАЦИЈА Претседател,
Сашо Темелкоски