Работна средба со Министерот за правда

ЗСА бр.13/2021

24.06.2021

На ден 23.06.2021 година  во  Министерство за правда, претседател на ЗСА Сашо Темелкоски одржав работна средба со Министерот за правда при Владата на РСМ, г-н Бојан Маричиќ.

Конкретен повод на средбата е минатонеделното соопштение за покачување на платите на судиите но средбата ги опфати сите актуелни теми од  материјалната и професионална положба на вработените во судската служба.

Истакнато е дека вработените во судската служба на судовите, членови на ЗСА, ги поздравуваат активностите на Министерството за правда и министерот Маричиќ во однос на започнатиот процес за средување на состојбите во судската служба со донесувањето на подзаконските акти, активностите за измени на Законот за судска служба и Судскиот деловник но дел од тој процес неминовно мора да биде и професионалната и материјалната положба на  вработените во судската служба на судовите. Минимум очекување на вработените е процентуалното покачување на платите на судиите да се однесува и на вработените во судската служба. Притоа да се има во предвид дека и при такви услови, 15% на судиска плата и 15% на плата од другите  вработени е голема разлика и дополнително ќе ја зголеми постојната и така огромна разлика во плата.

Министерот Маричиќ ја потврди неговата определба и активности за зголемување на платите за вработените во судската служба бидејќи ја знае состојбата со платите во судовите и информираше дека се во тек консултациите со Министерството за финансии по ова прашање . Истовремено извести и за заложба, во претстојниот период преку нов закон да се бара системско решение за платите на судиите и вработените во судската  служба  на судовите.

Министерот е информиран и за актуелната состојба со вработувањата, кариерните унапредувања на вработените  во судската служба, најзините капацитети бидејќи во истата работат судски службеници кои можат да бидат носители на најодговорни функции и работни задачи.  Игнорирањето и отсуството на соработка со судската служба од страна на  Судскиот буџетски совет е факт кој не може да биде премолчен од наша страна а нашето барање за учество со свој претставник во СБС побарно е да биде заложба и на Министерството за правда на Република Северна Македонија.        

Судови во Република Северна Македонија