Работилница за изработка на стратешки план на ЗСА

Здружението на судска администрација од 06 до 08 септември, 2015 година, во хотел Сириус, Струмица одржа тридневна работилница посветена на процесот на стратешко планирање.

Оваа работилница беше поддржана од страна на проектот на УСАИД за јакнење на судството а беше фасилитирана од страна на консултантската куќа Проефект.

На работилницата учествуваа членови на ЗСА од различни подружници: ОС Битола, АС Битола, ОС Охрид, ОС Струга, ОС Делчево, ОС Струмица, ОС Прилеп, ОС Тетово, ОС Скопје 1, ОС Кочани, ОС Штип, ОС Радовиш, ОС Кавадарци, ОС Гевгелија, ОС Велес и Врховен суд.

Како резултат на оваа работилница произлезе тригодишен Стратешки план за периодот од 2016 до 2018 година. Во рамките на Стратешкиот план, ЗСА изготви и Акционен план за дејствување во тековната година. 

Изготвениот Стратешки план, може да го најдете на оваа веб страна во делот – Документи.

Судови во Република Северна Македонија