Здружението на судска администрација во текот на 2017 година ги реализира следните активности:
-Во текот на месец фебруари се одржаа состаноци со членовите на Управниот и Надзорниот одбор на здружението на кои се разгледуваа финансискиот и работниот извештај за 2016 година и се дискутираа планираните активности на здружението за 2017 година.
-Голем дел од активностите во текот на месец април беа насочени кон подготовка за редовното годишно собрание. При тоа најпрво беа доставени дописи до сите подружници за назначување делегати во пресрет на постојното Собрание. По назначувањето на делегатите се пристапи кон организирање на превоз, сместување и сите останати детали во врска со годишното собрание. Годишното собрание на ЗСА се одржа во хотел Престол во Охрид и на истото имаше содржини од работен и забавен карактер. Работниот дел се состоеше во дискусии по доставениот финансиски и работен извештај за работењето на ЗСА во 2016 година. Исто така се дискутираше за настанатата состојба во 2016 година после одржувањето на протестите и штрајкот. При тоа беа истакнати позитивните и негативните ефекти од реализираниот штрајк. И на ова собрание беше дискутирано за законот за судска служба и измените кои што треба да бидат предмет при менувањето на овој закон.
На годишното собрание се дадоа предлози за измени и на статутот на здружението кој беа предложени и едногласно прифатени.
Во работата на собранието присуствуваа делегати од повеќе подружници, членови на управниот одбор, како и претседателот на зружението.Собранието траеше два дена и на него беа реализирани бројни активности од значење за функционирањето на здружението, а посебно за идните активности на здружението.
– Во текот на месец јули се реализира меѓународна конференција, организирана од интернационалното здружение на судска администрација IACA. На оваа конференција беа воспоставени контакти со учесници од најразлични земји кои се основ за зголемен авторитет и активност на ЗСА. Како претставници на ЗСА учествуваа двајца членови: Претседателот на Здружението на Судска Администрација на Република Македонија, Борче Мирчески заедно со претседателот на комисијата за меѓународна соработка на Здружението Лидија Таневска Јадровска. Акцентот на конференцијата беше ставен на широк спектар прашања од областа на правото и судството : улогата на судските службеници и администратори и начините на кои може да се подобри и унапреди нивниот однос, меѓународната рамка за усовршување и мерење на изведбата, најновите трендови во развојот на технологијата која ја користат судовите, меѓународните преспективи и добри практики во работата на судовите во мултикултурни заедници. На конференцијата беа присутни над 900 учесници и голем број презентери и едукатори.
-Во периодот септември,декември 2017 година беа одржани шест работилници во различни апелациони подрачја на кои учествуваа 37 членови, на кои се предлагаа и изработуваа предлози за измени на законот за судска служба. На две од овие работилници трошоците за сместување беа исплатени од страна на фондацијата Фридрих Еберт, додека останатите трошоци беа подмирени од страна на ЗСА. Измените кои беа предложени се уште не се финални од причини што дојде до одложување на терминот за измени на законот за судска служба. Со истите предлози за изменување на ЗСС ќе се продолжи и во текот на 2018 се до моментот кога ќе треба да бидат предмет на работа на работните групи за измена на овој закон.
– Дел од своите активности ЗСА ги насочи кон учество во работни групи за донесување на националната стратегија за реформи во правосудството и измени на законот за судови, законот за академија и законот за судска служба. Овие напори резуртираа со тоа што ЗСА е ставена во акциониот план како учесник со свои претставници во работните групи .
– Во текот на 2017 година ЗСА спроведе низа активности за исплата на неисплатените парични средства за степен на кариера за своите членови кои ги исполнуваа условите за добивање на парични средства од степен на кариера. Ваквите активности и преговори со ефект резултираа во месец ноември кога по доброволен пат од страна на судскиот бужедски совет беа доисплатени паричните средства од степен на кариера за сите вработени кои имаа решение, а на кои не им беше исплатен надоместок по овој основ за периодот од февруари до август 2015 година.
ЗСА за 2018 година планира дел од своите активности да бидат реализација на предлозите за измени на законот за судска служба, како и спроведување на решенијата за работна успешност, со кои на членовите на ЗСА му се утврдува зголемување на дел од плата во износ од 10% на основната плата. Исто така во 2018 година ЗСА ќе направи напор за враќање на неправилно задржаните 40% од плата во месеците јуни и јули 2016 година.
Претседател Борче Мирчески