На 1-ви и 2-ри јули во Охрид се одржа Правата работилница за одговорност, ефективност и транспарентност во судството како дел од проектот „Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството” во кој Здружението на судска администрација (ЗСА) е еден од соработниците покрај Здружението на судии
На работилницата присуствуваа мешани групи на судии и судски персонал од судовите на подрачјето на Апелационен суд Битола и адвокати.
Работилницата опфати излагања, студија на случаи и дискусии на следните темите :
– Статусот на судиите (принципи и пракса) според меѓународните и домашните правни рамки,
– Транспарентноста на судството, градењето на интегритетот на судиите и
АКМИС –функционалност на системот за автоматска распределба на предметите,
– Ресурсите во судството како предуслов за ефективна правда,
– Справување со стресот во секојдневието и професијата, организација на работа и управување со времето,
– Ефикасна интерна и екстерна комуникација на судовите,
– Управување со предмети во функција на интероперабилност,
– Дисциплинската наспроти етичката одговорност на судиите како сегменти на отпочнатиот процес на реформи на судскиот систем,
Прашањата кои беа разгледани за време на излагањата и дискусиите, ќе бидат ставени во извештајот од работилницата и ќе бидат предмет на понатамошна разработка.
Проектот продолжува преку работилници кои во наредниот период ќе бидат закажани за судовите и од Апелационите подрачја Скопје, Гостивар и Штип.