ПРОЕКТ ЗАЕДНИЧКИ ЗАЛОЖБИ ЗА ПОДОБРИ ДОСТИГНУВАЊА ВО СУДСТВОТО

           Во рамките на проектот „Заеднички заложби за подобри достигнувања во судството“ кој го спроведува Институтот за човекови права и Центарот за правни истражувања и анализи во соработка со професионалните здруженија – Здружение на судии и Здружение на судска администрација, на ден 25.11.2019 година е одржан состанок на Советодавната работна група која ја сочинуваат претставници на носителите на проектот,  соработниците, адвокатската комора и други организации од областа на правосудството и граѓански здруженија.

           На состанокот се разгледани и дискутирани актуелните состојби во судството.

           Претседателот на ЗСА, Сашо Темелкоски во своето излагање  ја изложи актуелната состојба во судската служба, нерешениот професионален статус на вработените кои вршат технички и помошни работи, стаусот и положбата на стручните судски службеници со повеќегодишно искуство на кои со предлог Законот  за Академија за обука на судии и јавни обвинители  им е  оневозможен пристап до почетната обука преку скратена програма, професионалната и материјална положба на другите вработени во отсуство на можност за унапредување и пополнување на раководните работни места во судовите. Повторно е укажано и на нефункционалноста на цели делови од актуелниот Закон за судска служба чија измена иако предвидена со Акциониот план на Стратегијата за реформа, не се случи и најверојатно дека заради политичката ситуација во земјата ќе биде пролонгирана за наредната година. Презентирани се и причините и пораките од одржаниот протест во судовите на 15.11.2019 година.

Судови во Република Северна Македонија