Проект : „Безбедност и здравје при работа на вработените во судските институции во Република Македонија“

Здружението на судска администрација на Република Македонија е здружение кое се залага за професионална и ефикасна судска администрација, активно се застапува за правата на вработените во судската администрација и за подобрување на условите за работа со цел да придонесе кон спроведување на реформите на судскиот систем на РМ.

Во таа насока, ЗСА со огромна чест Ви го најавува проектот на тема “Безбедност и здравје при работа на вработените во институциите во судскиот систем во Република Македонија” кој е организиран во соработка со Македонско здружение за заштита при работа (МЗЗПР).

ЗСА за спроведување на проектот организира дводневна обука која ќе се одржи на 30.01-31.01.2019 година со почеток во 09-30 часот во хотел „Гардениа“, Велес.

На обуката свои предавања ќе имаат:

  • Проф. Д-р Далиборка Блажевска
  • М-р по тех. науки Снежана Јанкова Петковска.

Проектот се спроведува со цел за зајакнување на улогата на ЗСА, како важен актер во креирање на јавните политики и процесите на донесување одлуки врз клучните реформи за заштита при работа и условите за работа во институциите на правосудниот систем во РМ.

Претседател на ЗСА,

Борче Мирчевски                                                                                                                   

2019-01-26

Судови во Република Северна Македонија