После денешниот протест одржан на 03.06.2016 година, пред Министерството за правда во просториите на Синдикатот на УПОЗ се одржа координативен состанок помеѓу претставници на Здружението за судска администрација (ЗСА) и УПОЗ.
На состанокот се зазема став дека штрајкот продолжува со полн интензитет и понатаму. Во понеделник и вторник ќе се штрајкува на работните места и пред своите судови, а во среда 08.06.2016 година, ќе се одржи масовен протест пред Министерството за правда, на кој треба да учествуваат подружници на ЗСА од цела Македонија. Во понеделник ќе биде направена координација со сите претседатели на подружници околу превозот за учесниците на протестот.