Презентацијата на Функционалната анализа на основните судови во РСМ

По покана на Центарот за правни истражувања и анализи,  на ден 18.11.2021 година во х.Хилтон, Скопје,  ЗСА беше претставувано на презентацијата на Функционалната анализа на основните судови во РСМ и Планот за подобрување на работата и условите во основните судови.

Согласно агендата, поздравни обраќања на презентацијата имаа  претседателот на Врховен суд на РСМ, судија Беса Адеми, министерот за правда во Владата на РСМ, Бојан Маричиќ, амбасадорот на Обединетото Кралство во РСМ, Рејчел Галовеј, претседателот на Основен граѓански суд Скопје, судија Илир Сулејмани, претседателот на Центарот за правни истражувања и анализи Лидија Стојкова Зафировска а модератор на презентацијата беше  судија Џемали Саити, претседател на Здруженеото на судии.

Во своето поздравно обраќање Претседателот на ЗСА, Сашо Темелкоски наведе дека од започнувањето на процесот на функционална анализа во основните судови на  почетокот на оваа година, покрај претседателите на судовите и судиите – раководители на судски оддели, раководните и други  судски службеници во судовите беа активен учесник во процесот преку  презентирањето на информации,   податоци и документација неопходни за изработка на анализата во сите области на работењето на судот, почнувајќи од – внатрешната организација, ефикасноста, човечките ресурси, обуките на вработените АКМИС системот и информатичкото работење, финанскиското работење, јавните набавки, односите со јавност, архивското работење, судските просторни и технички капацитети. Со функционалната анализа се идентификуваат реалните  проблеми во функционирањето на основните судови  и  се нудат  конкретни решенија за нивно надминување и насочување на реформите во областа на судството. Следува процес на следење на реализацијата на  Планот за подобрување на состојбата во основните судови  а судската служба и во иднина ќе биде континуирана подршка  при подготовка на сите идни активности во оваа насока. Изразив благодарност до ЦПИА  за сета досегашна соработка со судската  служба како носител на клучната подршка на судиите во процесуирањето на  судските предмети  а  чии вештини и институционална меморија претставуваат вреден ресурс на судовите.

И другите ученици во поздравните обраќања ја поздравија изработката на Функционалната анализа и Планот за подобрување на на работата и условите во основните судови. Беше истакнато дека оваа функционална анализа  е последна од низата на функционални анализи кои се изработени во претходниот период а ги опфатија Судскиот совет, Министерството за правда, Врховниот суд и  Академијата за обуки на судии и јавни обвинители.

Судови во Република Северна Македонија