Здружението на Судска администрација на Република Македонија, на ден 05/02/2019 година објавува:
ПОВИК
ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА 1 (ЕДЕН) ИСТРАЖУВАЧ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ИСТРАЖУВАЊЕ НА СОСТОЈБАТА СО МУСКУЛНОСКЕЛЕТНИ ЗАБОЛУВАЊА И ПОВРЕДИ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО СУДСКИТЕ ИСНТИТУЦИИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.
КОРИСНИК/ИМПЛЕМЕНТАТОР: Здружение на судска администрација (ЗСА)
ДОНАТОР: Македонско Здружение за заштита при работа (МЗЗПР)
Договор за гранд бр. 0307/266
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Здружението на судска администрација (ЗСА) во рамките на проектот „Безбедност и здравје при работа на вработените во институциите на судскиот систем во Р. Македонија“ објавува повик за ангажирање на истражувач од областа на ергонимија.
Општа цел на проектот е зајакнување на улогата на ЗСА, како важен актер во креирање на јавните политики и процесите на донесување одлуки врз клучните реформи за заштита при работа и условите за работа во институциите на правосудниот систем во РМ.
Специфична цел на проектот е да се зајакнат капацитетите на членовите на ЗСА за застапување на правата за заштита при работа и условите за работа на вработените во судската администрација во РМ.
Во рамките на проектните активности во месец Март 2019 година планирано е спроведување на истражување на состојбата со мускулноскелетни заболувања и повреди на вработените во судските институции во РМ.
Истражувачот има за задача да спроведе:
– Идентификација на мускулноскелетни заболувања и повреди кај вработените на различни работни позиции во 3 судови преку подготовка и дистрибуција на прашалници во соработка со претседателите на подружниците на ЗСА
– 5 интервјуа со претставници на целната група и заинтересирани страни (претседател на суд, судски администратор, претставник од Министерство за правда, претставник од УПОЗ, Судски совет).
– препораки за начини на превенција на мускулноскелетни заболувања и повреди и ергономија специфични за работните места во судовите
Резултатите од анализата треба да ја покажат моменталната состоба на МСЗ и повреди на работното место и начин за нивна превентива преку конкретни препораки за примена на ергономски принципи, пропратени со физички вежби наменети за административните работни места во судовите.Aнализата не треба да биде подолга од 30 страници (во фонт Ариел, големина на фонт 12, размер на линии.
Ангажманот на експертот е 1 (еден) месец, започнувајќи со 01.03.2019 година.
Потребни квалификации на кандидатите:
Истражувачот е потребно да ги исполнува следните критериуми:
-да е државјанин на Република Македонија
-да има завршено високо образование, завршени магистерски студии се смета за предност
-да има искуство од најмалку 5 години во областа, за која се ангажира.
Сите заинтересирани кандидати е потребно да достават професионална биографија НАЈДОЦНА ДО 15/02/2019 ГОДИНА на една од е-маил адресите на Здружението: sudskaadm@yahoo.comили sudskainfo@yahoo.com или по пошта до Основен суд Охрид 6000 Охрид, Р. Македонија – за Здружение на судска администрација.
Висината на планираната вредност за ангажирање на експерт е 1500 евра.
Лице и телефон за контакт: Ангела Младеновска, проектен координатор, 075/395-001
13:07:46
2019-02-05