Здружението на судска администрација на Република Македонија, со поддршка на Проектот за јакнење на судството, на 15ти и 16ти октомври, 2015 година, во хотел Скардус, Тетово, одржа работилница за подготовка на правилници за спроведување полугодишно интервју и правилници за оценување на судските службеници. На работилницата присуствуваа судските администратори од различни судови.
На самиот почеток на работилницата беа дефинирани целите и очекувањата на учесниците од оваа работилница. За време на првата работна сесија беше разгледан и дополнет Правилникот за полугодишно интервју на судските службеници, додека втората сесија беше посветена на изготвување на Правилник за оценување на судските службеници.
Во текот на вториот ден учесниците на работилницита продолжија со работните сесии на кои наизменично беа разгледувани двата правилници, кои согласно нивните предлози беа дополнети и изменети.
Изготвените правилници по завршувањето на работилницата беа доставени до сите судови, со цел да се унифицира начинот на делување во различните судови.