ОТВОРЕНО СУДСТВО

По покана на Центарот за правни истражувања и анализи,  на 22.01.2020 г.  Здружението на судска администрација е учесник промоција на анализата „Отвореноста на судството во Република Северна Македонија“.

Поздравни обраќања имаа Министерката за правда, д-р Рената Дескоска, Амбасадорот на Велика Британија во Република Северна Македонија, г-ѓа Рејчел Галовеј, ВД Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, судија Фаик Арслани, Претседателот на Судскиот совет на Република Северна Македонија, судијата Киро Здравев,Претседателката на Центарот за правни истражувања и анализи г-ѓа Лидија Стојковска Зафировска, Константин Битраков, истражувач во МАНУ, Гордана Гапиќ – Димитровска, национален координатор за Отворено владино партнерство и  Жарко Хаџи-Зафиров, програмски раководител во Центарот.

Анализата е дел од програмата „Подобрување на транспарентноста, правната сигурност и ефикасноста во судскиот систем во Северна Македонија“ која ја имплементира Центарот за правни истражувања и аналзи и е финансирана од Британската амбасада Скопје.

Судови во Република Северна Македонија