Одржана работилница “Односи со јавноста и медиуми и Лидерство за ефективни односи со јавноста и медиумите“ за членовите на Здружението

             Здружението на судска администрација залагајќи се за воспоставување на ефективни односи со јавноста, креирање позитивна клима во самото здружение и негово промовирање во јавноста односно креирање позитивен публицитет, присуствуваше на обука на тема “Односи со јавноста и медиуми и Лидерство за ефективни односи со јавноста и медиумите“.

            Обуката е дел од проектот на USAID “За јакнење на судството“ кој што се спроведува од ЕМБРА корпорација и МЕСАКОНС, а се одржа на 11ти и 12ти февруари 2013 година во хотел “Континентал“ во Скопје. Модератор на оваа обука беше г-дин Синиша Пекевски, а присуствуваа претседателот на Здружението г-дин Борче Мирчески, заменик претседателот на г-дин Илија Николовски, членови на Комисијата за односи со јавноста како и одговорниот претставник за односи со јавност на здружението, г-ца Оливера Фидановска.

            “Процесот на управување на односите со јавност треба да обезбеди воспоставување и одржување на меѓусебна доверба и разбирање помеѓу организацијата и јавноста во подолг временски период“- истакна модераторот г-дин Синиша Пекевски. За да една организација односно здружение биде успешно треба постојано да биде насочено кон групните вредности, но и кон внатрешната и надворешната јавност.

            На обуката, со помош на модераторот, беше изработена пораката на Здружението и комуникациската стратегија кои во иднина треба да помогнат во остварување на целите, а се реализираше и опсежна обука за правилно комуницирање со медиумите и со надворешната јавност (пишување соопштенија за јавност, прес конференции, брифинзи и сл.),  и соодветно менаџирање на кризи и кризни ситуации кои се составен дел од работата на секоја организација односно здружение.

            Здружението на судска администрација како дел од стратегијата за односи со јавноста се стреми навремено да ги информира членовите за најновите реализирани активности, најновите измени на законите и подзаконските акти со кои се директно засегнати членовите на здружението, но и постојано планира и настојува да влијае врз измена на конкретни прописи. Најнов пропис кој што е во интерес на членовите на здружението е “Правилникот за критериумите и постапката за селекција и вработување на судските службеници и за формата и содржината на пријавата за интерен оглас за вработување на судски службеник“ кој што го изработи Здружението на судска администрација заедно со Советот на судска служба, а го донесе Министерот за Правда г-дин Блерим Беџети.

Судови во Република Северна Македонија