Одржана работилница на тема “Проектно планирање, дизајн и имплементација / Управување со Проектен циклус“

          На 11ти,12ти и 13ти Март 2013 година во хотел “Континентал“ во Скопје, дел од членовите на Здружението на судска администрација присуствуваа на обуката на тема “Проектно планирање, дизајн и имплементација/ Управување со Проектен циклус“. Оваа обука исто така е дел од проектот на USAID за “Јакнење на судството“, кој што се спроведува од страна на ЕМБРА корпорација и МЕСАКОНС, а модератор на оваа работилница беше г-ца Милица Николовска.

          За да се изработи еден проект потребни се серија активности кои ќе водат кон исполнување на однапред дефинирани цели, што ќе се движат во однапред дефинирани рамки во одреден временски период и со однапред утврден буџет. За еден проект да се смета за успешен потребно е да одговори на поставените цели, да ги реализира сите активности со планираните финансии во претходно утврдената временска рамка.

          Во текот на обуката учесниците беа поделени во две работни групи и паралелно се работеше на два различни проекти со кои што во иднина ќе можеме да конкурираме на отворени повици/грантови кај одредени донатори. Досега Здружението веќе има конкурирано на неколку повици за проекти, а во моментот има две отворени понуди на кои што доколку ги исполнуваме условите за учество ќе конкурираме со проектите кои што ги изработивме на работилницата.

          Целта на работилницата беше да се оспособи тим за изработка, имплементација, мониторинг и евалуација на проекти за во иднина здружението да може самостојно да изработува проекти и да конкурира на отворените повици. Здружението на судска администрација располага со многубројно квалитетно членство кое може да изработи квалитетен проект кој ќе биде во насока на остварување на целите на здружението и подобрување на условите за работа на судството и општата перцепција за истото.

Судови во Република Северна Македонија