Одржана работилница на тема “ЕУ механизми за финансирање”

          Претставници на Здружението на судска администрација во соработка со проектот на УСАИД за јакнење на судството на 20ти и 21ви Март во хотел “Континентал“ во Скопје, присуствуваа на работилница на тема “ЕУ механизми за финансирање“. Работилницата беше спроведена од страна на ЕМБРА Корпорација и МЕСАКОНС, а модератор на оваа работилница беше г-динот Зоран Јанакиев.

        Како и на останатите обуки така и на оваа, со цел да се зголемат капацитетите на здружението и да се едуцираат неговите членови за најразлични теми, на работилницата присуствуваа учесници од повеќе судови во државата, членови на здружението од различни професионални профили.

        За здруженија како што е Здружението на судска администрација, како и за останатите невладини здруженија, асоцијации и организации значајно е да изнајдат средства за финансирање од различни извори со што би се осигурало нивното опстојување. Еден од тие начини е преку средства кои што Европската Унија ги обезбедува преку различни инструменти. Имено тие секоја година издвојуваат одреден износ на средства, кои во зависност од природата на повикот може да бидат за градење на нивните капацитети или пак да имаат посебно утврдена намена. Здруженијата потоа со свои предлог програми или проекти аплициираат за добивање средства.

         На оваа работилница беа презентирани различните европски извори  на финансирање преку кои може да се аплицира за ваков вид на финансиска поддршка. Здружението на судска администрација веќе превзема чекори во таа насока.

Судови во Република Северна Македонија