Одржана обука на тема “Планови за организациска и финансиска одржливост“

        “Планови за организациска и финансиска одржливост“ беше темата на обуката која што се одржа на 15ти и 16ти октомври 2013 година во хотел “Континентал“ во Скопје, на која што присуствуваа 12 членови на Здружението на судска администрација, претставници на различни подружници на ЗСА. Како и претходните и оваа обука е дел од проектот на USAID за “Јакнење на судството“ кој што се спроведува од ЕМБРА Корпорацијата и МЕСАКОНС.

          Кога станува збор за одржливост на организации и здруженија обично се мисли на нивната способност да ја исполнат мисијата и да обезбедат услуги за корисниците. Финансиската одржливост значи повеќе и поголеми извори на средства за финансирање на активностите на организацијата како и поголема способност за обезбедување различни производи и услуги на нејзините членови.

         Нашето Здружение континуирано се труди и работи на обезбедување странски донации и трајни и одржливи извори на финансирање со цел успешно да ја исполнува својата мисија и постојано ги зголемува услугите кои што му ги нуди на членовите.

       Административната канцеларија на Здружението вложува напори за подобрување на финансиската одржливост преку привлекување на странски донации и изработка на проекти, со цел овие надворешни извори на финансирање му донесат на нашето Здружение зголемување на обемот и квалитетот на услугите кои што ги нуди.

          Модераторот на обуката г-дин Андреј Пулејков на присутните му даде насоки за развивање на план за финансиска одржливост и посочи странски донатори кај кои што можеме да апицираме и за проекти но и за добивање на грантови кои што ќе му помогнат на нашето Здружение.

Судови во Република Северна Македонија