Одржана обука на тема “Финансии за нефинансиски персонал“

          “Финансии за нефинансиски персонал“ е називот на последниот тренинг кој што се одржа како дел од проектот на УСАИД за “Јакнење на судството“ со кој што завршија овој циклус на обуки за Здружението на судска администрација. Обуката се одржа на 25ти и 25ти Октомври 2013 година во хотел “Континентал“ во Скопје, а покрај претставници на ЗСА на овој тренинг беа присутни и членови на други невладини организации.

          Примарниот фокус на оваа работилница беше ставен на финансиите и на евентуалните дополнителни извори на финансии кои здружението може да ги користи. При тоа беше напоменато дека е неопходно финансиите ефикасно и ефективно да се управуваат. Ефективно значи постигнување на поставените цели, додека пак ефикасно значи максимизирање на ефектите од користење на постоечките “недоволни“ извори на средства. Со цел дополнително да се зголемат финансиските средства со кои што располага нашето Здружение, волонтерите изработија проект и аплицираа за добивање на грантови кои што ќе ја зајакнат финансиската моќ на ЗСА.

          Буџетот на секоја организација е важен од повеќе причини: покажува колку средства се потребни за извршувањето на активностите, овозможува мониторинг на приливите и одливите а средства и идентификување на евентуалните проблеми, претставува основа за транспарентност и финансиска одговорност на организацијата и сл.

          Модератор на овој тренинг беше г-дин Андреј Пулејков, а обуката беше спроведена од страна на ЕМБРА и МЕСАКОНС.

Судови во Република Северна Македонија