ЈАВНА РАСПРАВА ПО ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА АКАДЕМИЈА ЗА СУДИИ И ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ

         На 04.10.2019 година, Здружението на судска администрација претставувано од претседателот на здружението, учествуваше на Јавната расправа по
Предлог-законот за Академија за судии и јавни обвинители.

 Јавната расправа  се одржи во сала ,,Борис Трајковски”, во зградата на Собранието наРепублика Северна Македонија во организација на Комисијата
за политички систем и односи меѓу заедниците.

         На јавната расправа присуствуваа претседателот и членовите на Комисијата за политички систем, Заменикот министер за правда при Владата на РС Македонија, Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, амбасадорот на Република франција во Македонија, адвокати, претставници на институции и претставници на невладин сектор.

         Од страна на претседателот на ЗСА поздравени се предлог законските решенија кои го олеснуваат пристапот на судската служба до почетната и континурана  обука но истакната е сериозна забелешка што со предлог законо воопшто не е направен обид  да се искористи потенцијалот на стручните судски службеници со повеќегодишно  професионално искуство .

         Кога веќе се овозможува пристап до почетна обука на лица со двегодишно работно искуство на правни работи по полагање на правосуднио испит, од кои причини е изоставен и не е олеснет пристапот до почетна обука на  судскиот кадар кој професионално ги извршувал своите работни задачи како судски соработник или советник повеќе години низ сите судски оддели.  Овој дел од судската служба може беспрекорно и со скратена обука да ги извршува сите судуски или јавнообвинителски здачи и да го даде својот придонес за поефикасно судство во  РС Македонија.

          Во наредниот период претстои и амандманска расправа по предлог законот а ЗСА своите забелешки по одделните одредби од Предлог законот ќе ги достави и писмено до Комисијата за политички систем.

Судови во Република Северна Македонија