Известување за одржани едукации од страна на членови на Здружението на судска администрација

Здружението на судска администрација на Република Македонија во соработка со Академијата за обуки на судии и јавни обвинители на Р.М. во текот на првото шестмесечие на 2013 година, редовно одржуваше едукации за судската администрација. При тоа едукациите беа на различни теми а едукаторите доаѓаат се членови на ЗСА од повеќе судови во Р.М.

Од почетокот на 2013 година до денес одржани се следниве едукации и обуки:

  1. 25. 02. 2013 година – “Примена на АКМИС и изработка на извештаи – воедначување на праксата проблеми и недостатоци”

–          Едукатори: Сузана Варналиева – судски администратор во ОС Велес

                     Лидија Таневска шеф на кабинет на претседателот на ВСРМ

  1. 08. 05. 2013 година – “Оценување на судски и јавнообвинителски службеници, систем на кариера, дисциплинска одговорност

–          Едукатори: Борче Мирчески – судски администратор во ОС Охрид

                     Сашо Темелкоски судски администратор во ОС Прилеп

  1. 15. 05. 2013 година – “Комуникација со странки, односи со јавност, надлежност на службите задолжени за односи со јавност

             Едукатори: Илија Николовски – судски администратор во АС Битола

                             Силвана Дејаноска – судски соработник во ОС Битола

  1. 18. 06. 2013 година – “Достава по Закон за кривична постапка

–          Едукатори: Борче Мирчески – судски администратор во ОС Охрид

                             Сузана Варналиева – судски администратор во ОС Велес

  1. 05. 07. 2013 година – “Достава по Закон за парнична постапка

–          Едукатори: Борче Мирчески – судски администратор во ОС Охрид

                             Гордана Николовска – судски соработник во ОС Битола

Едукациите и обуките од септември повторно продолжуваат. И понатаму ќе се однесуваат на актуелни теми, прашања и проблеми кои се јавуваат во секојдневното работење на судските службеници.

Судови во Република Северна Македонија