Извештај за одржаната обука на тема“Комуникација со странки, односи со јавност , надлежност на службите задолжени за односи со јавност“

ИЗВЕШТАЈ

Од едукатори:

Илија Николовски-Судски  администратор во Апелационен суд Битола

Гордана Николовска – Судски соработник во Основен суд Битола

За одржана обука на тема:

Комуникација со странки, односи со јавност , надлежност на службите задолжени за односи со јавност

одржана на ден 05.11.2013 година, во Битола, Академија за обука на судии и јавни обвинители

Општи напомени за обуката:

            Оваа обука е наменета за сите вработени во судската служба, особено за вработените кои се надлежни за односи со јавност во судовите. Темата предизвика големо внимание кај вработените во судската служба, ученици на обуката, затоа што имаа можност да ги искажат проблемите со кои се соочуваат во нивното секојдневно работење. Учесниците на обуката, особено оние кои се задолжени за односи со јавност  имаа можност да ги искажат своите мислења за конкретни прашања, се со цел  да се подобри комуникацијата и да се одговори што побрзо и поквалитетно на барањата на странките. Сметаме дека посветувањето поголемо внимание на оваа тема ќе придонесе за поголема едуцираност на вработените во судската служба за нивниот однос со странките,едуцираност за начинот на однесување и реагирање кон проблематичните странки, како и едукација на вработените, посебно на лицата задолжени за односи со јавност и за начинот и формата на изготвување соопштенија во медиумите како најчеста форма на комуникација со јавноста.

            Со оваа обука треба да бидат опфатени сите вработени во судската служба, посебно вработените во судските писарници и лицата задолжени за односи со јавноста.

Краток осврт за одржаната обука:

            Обуката се одржаа во Битола. Целна група беа судски службеници од подрачјето на Апелационен суд Битола. На обуката беа присутни службеници од Апелационен суд Битола, Основен суд Битола, Основен суд Прилеп, Основен суд Струга и Основен суд Охрид.

          На еднодневната обука, според програмата беше презентирана темата Комуникација со странки, односи со јавност , надлежност на службите задолжени за односи со јавност, од страна на едукаторите  Илија Николовски и Гордана Николовска. Освен презенатација, во обуката едукаторите  вклучија и бројни примери за начинот на  комуникацијата со странки ,како и за начинот и формата на правилно изготвување на  соопштенија до јавноста а со свои  примери и свои коментари активно се вклучија и учесниците на обуката.

Дискусии/прашања и одговори:

            Во текот на обуката учесниците даваа забелешки за комунакацијата на вработените со странките, но и за односот на странките со вработените. Се дискутираше и за значењето на соопштението до јавноста како начин на комуникација, неговата присутност и значење,како и тоа дека во судовите веќе има лица кои се задолжени за односи со јавност но секој од вработените треба да е обучен за истото.

Заклучоци за обуката:

1. Со оваа обука потребно е да бидат опфатени сите вработени во судската служба посебно вработените од судските писарници и лицата задолжени за односи со јавност.

2. Доколу вработени имаат континуирани обуки за комуникација нивните комуникациски вештини ќе се подобрат што во секој случај ќе претставува придобивка како за вработените за нивна подобра организација на работењето така и за странките кои ќе бидат задоволни од давањето на услугите.

3. Посебно да се обрати внимание на континуирана едукација на лицата кои се задолжени за односи со јавност како истите би имале подобра организација во навременото и квалитетно давање одговор на барањата на странките. Се има предвид посебно тоа дека овие лица секојдневно добиваат покрај електронски, телефонски и писмени барања од странки така истите оставруваат средби на лице место во канцелариите за односи со јавност со странки. Потребно е заради поголема транспарентност во работењето на судовите овие лица да се обучат за начинот на одржување брифинзи, издавање соопштенија за јавност како граѓаните би стекнале впечаток дека судовите се отворени и транспарентни  за соработка со граѓаните .

 4. Со редовни обуки ќе се постигне и повиок степен на комуникација помеѓу самите вработени.

5. Со соодветна едуцираност на судските службеници, за изготвување и објавување на соопштенија во медиумите,како најчесто средство за комуникација со јавноста,  судството ќе има придобивка на начин што преку тие соопштенија, ќе се истакнуваат позитивностите и ефикасноста на судството,преку конкретни примери и факти, а ке се покаже и  неговата транспарентноста.

6.Соопштението во медиумите, не треба да се објавува само за истакнување на позитивниот напредок во судовите, туку и за демантирање на неточните информации кои се пласираат во јавноста, па на тој начин исто така да се влијае за зајакнување на етичкиот углед и квалитет на судството.

Извештајот го подготвија едукаторите:

Илија Николовски

Гордана Николовска

Судови во Република Северна Македонија