Извештај за одржана обука на тема “Доставување на писмена согласно Законот за парнична постапка“

ИЗВЕШТАЈ

Од едукатори:

Борче Мирчевски -Судски  администратор во Основен суд Охрид

Гордана Николовска  – Судски соработник во Основен суд Битола

За одржана обука на тема:

Доставување на писмена согласно Законот за парнична постапка

одржана на ден 05.07.2013 година, во Скопје, Академија за обука на судии и јавни обвинители

Општи напомени за обуката:

            Оваа обука е наменета за вработените во судската служба, особено за вработените кои се надлежни за доставување на судските писмена до странките во постапката.

          Темата предизвика особено внимание кај  учесниците на обуката кои активно се вклучија и ги  искажат проблемите со кои се соочуваат во нивното секојдневно работење ,при вршењето на доставата.Учесниците на обуката, имаа можност да се запознаат подетално со одредбите од ЗПП во делот за доставата, имаа можност да искажат свои мислења за конкретни прашања и свои примери од работното искуство при примена на законските одредби

          Сметаме дека на оваа тема треба да и се посвети поголемо внимание, бидејќи имаше голема заинтересираност и многу прашања од страна на учесниците во текот на обуката.

          Поголемата едукација на вработените од оваа област, ке придонесе кон поефикасно и побрзо завршување на судските постапки.

Краток осврт за одржаната обука:

            Обуката се одржа во Скопје. Целна група беа судски службеници од подрачјето на Апелационен суд Штип, Апелационен суд Скопје, Апелационен суд Гостивар и Апелационен суд Битола На обуката беа присутни службеници од Основен суд Скопје 2 Скопје, Основен суд Радовиш, Основен суд Виница.

          На еднодневната обука, според програмата беше презентирана темата Достава на писмена по ЗПП од страна на едукаторите  Борче Мирчевски и Гордана Николовска. Освен презенатација, во обуката беа вклучени и многу примери и проблеми од секојдневното работење на судовите во областа на доставата.

Дискусии/прашања и одговори:

            Во текот на обуката, активно со свои коментари ,примери и прашања беа вклучени скоро сите учесници. Посебно се обрна внимание на личната достава, уредноста на доставата, заштитата на доставувачите при работењето, како и елктронската достава, за која што сите се согласија дека би била најекономичен и најбрз начин на достава на писмена, а претаставува новина во ЗПП.

Заклучоци за обуката:

1. Со оваа обука потребно е да бидат опфатени сите вработени во судската служба посебно вработените кои работат на доставта на писмена и во судските писарници .

2. Доколу вработените имаат вакви обуки, значително ќе се подобри доставата на писмената, што секако е еден многу битен сегмент од судската постапка,а со тоа секако ќе се подобри и општиот впечаток на странките за судот како  и за времетраењето на судските постапки.

3.Со обуката успеавме да прикажеме како Законот е инкорпориран  во секојдневното работење, преку реални примери за поодделни законските регулативи.

Извештајот го подготвија едукаторите:

Борче Мирчевски

Гордана Николовска

Судови во Република Северна Македонија