Извештај за обука на тема ,,Комуникација со странки, односи со јавност, надлежност на службите задолжени за односи со јавност“

           Во соработка на Здружението на судска админисрација на Република Македонија и Академијата за обуки на судии и јавни обвинители на РМ се одржуваат континуирани обуки за судската администрација . Обуките се одржуваат од страна од едукатори – судски службеници.

На ден 15.05.2013 година, во Скопје, во Академија за обука на судии и јавни обвинители се одржа обука на тема ,,Комуникација со странки, односи со јавност , надлежност на службите задолжени за односи со јавност ,,

          По завршувањето на обуката едукаторите го изготвија следниот :

ИЗВЕШТАЈ

Од едукатори:

Илија Николовски-Судски  администратор во Апелационен суд Битола

Силвана Дејаноска – Судски соработник во Основен суд Битола

За одржана обука на тема:

Комуникација со странки, односи со јавност , надлежност на службите задолжени за односи со јавност одржана на ден 15.05.2013 година, во Скопје, Академија за обука на судии и јавни обвинители

Општи напомени за обуката:

          Оваа обука е наменета за вработените во судската служба, особено за вработените кои се надлежни за односи со јавност во судовите.  Оваа тема предизвика особено внимание од страна на вработените во судската служба, учесници на обуката затоа што имаа можност да ги искажат проблемите со кои се соочуваат во нивното секојдневно работење кое посебно кај вработените во судските писарници вклучува и комуникација со странки. Учесниците на обуките, посебно оние кои се задолжени за односи со јавност  имаа можност да искажат свои мислења за конкретни прашања, се со цел  да се подобри комуникацијата со странки, да се одговори што побрзо и поквалитетно на барањата на странките. Сметаме дека посветувањето поголемо внимание на оваа тема ќе придонесе кон поголема информираност на вработените во судската служба за нивниот понатамошен однос со странките посебно на службениците кои се задолжени за односите со јавност .

          Со оваа обука треба да бидат опфатени сите вработени во судската служба посебно вработените во судските писарници и лицата задолжени за односи со јавност.

Краток осврт за одржаната обука:

          Обуката се одржа во Скопје. Целна група беа судски службеници од подрачјето на Апелационен суд Штип, Апелационен суд Скопје и Гостивар. На обуката беа присутни службеници од Апелационен суд Скопје, Основен суд Скопје 1, Основен суд Скопје 2 и Основен суд Неготино.

На еднодневната обука, според програмата беше презентирана темата ,,Комуникација со странки, односи со јавност , надлежност на службите задолжени за односи со јавност“  од страна на едукаторите  Илија Николовски и Силвана Дејаноска. Освен презенатација, во обуката беа вклучени и примери од секојдневното работење во судовите при комуникацијата со странки во кои со примери и свои коментари активно се вклучуваа и учесниците на обуката.

Дискусии/прашања и одговори:

          Во текот на обуката активно со свои коментари и примери беа вклучени учесниците кои даваа забелешки и предлози. Посебно се обрна внимание на тоа дека во судовите веќе има лица кои се задолжени за односи со јавност кои во многу голем дел им олеснаа на странките во остварување на нивните барања.  Како општ позитивен заклучот од  одржаната обука беше фактот дека комуникацијата посебно со надворешните странки е на повисоко ниво.

Заклучоци за обуката:

1. Со оваа обука потребно е да бидат опфатени сите вработени во судската служба посебно вработените од судските писарници и лицата задолжени за односи со јавност.

2. Доколу вработени имаат континуирани обуки за комуникација нивните комуникациски вештини ќе се подобрат што во секој случај ќе претставува придобивка како за вработените за нивна подобра организација на работењето така и за странките кои ќе бидат задоволни од услугите.

3. Посебно да се обрати внимание на континуирана едукација на лицата кои се задолжени за односи со јавност како истите би имале подобра организација во навременото и квалитетно давање одговор на барањата на странките. Се има предвид посебно тоа дека овие лица секојдневно добиваат покрај електронски, телефонски и писмени барања од странки така истите оставруваат средби на лице место во канцелариите за односи со јавност со странки. Потребно е заради поголема транспарентност во работењето на судовите овие лица да се обучат за начинот на одржување брифинзи, издавање соопштенија за јавност како граѓаните би стекнале впечаток дека судовите се отворени за соработка со граѓаните .

 4. Со редовни обуки ќе се постигне и повиок степен на комуникациски вештини и во внатрешната комуникација помеѓу самите вработени.

Извештајот го подготвија едукаторите:

Илија Николовски

Силвана Дејаноска

Судови во Република Северна Македонија