Извештај од состанокот со советникот за правда при владата на Република Македонија

На ден 06. 03.2018 година ЗСА оствари средба со главниот советник за правда при владата на Република Македонија, Г-а Тања Чачарова Илиевски. На оваа средба претставниците од ЗСА на советничката и презентираа лична карта на здружението од моментот на неговото формирање до денес, а притоа беа презентирани голем број на активности спроведени од ЗСА во периодот на неговото постоење.

Посебно внимание претставниците на ЗСА посветија на штрајкот и активностите пред истиот и после штрајкот. На зацртаните и нереализирани штрајкувачки барања за измена на ЗСС како и на задржаните 40 % парични средства од платата на штрајкувачите.

Детално и беа образложени недостатоците на законот за судска служба со конкретни предлози за нивно надминување. Беа посочени и работилниците кои ЗСА ги одржа во насока на обезбедување поквалитетни и попрофесионални предлози кои би се имплементирале во измените во ЗСС.

Дискусијата продолжи и кон неминовната потреба од измена на законот за судови и законот за АСЈО во насока во обезбедување услови за стекнување со својство кандидат за судија и на членовите на ЗСА кои исполнуваат услови.

Посебен акцент беше ставен на делот за задолжителна примена на интерниот оглас пред јавниот оглас, како и менување на условите од член 10 на ЗСС во насока на овозможување преку интерен оглас судските стручни службеници да напредуваат во категорија на раководни судски службеници.

            Од страна на главниот советник за правда на претседателот на владата беше побарано детектираните проблеми во ЗСС да бидат доставени во писмена форма.

            Во однос на задржаните парични стедства заради учеството во штрајкот главниот советник истакна дека владата зазела став незаконски задржаните парични средства да изнајде начин да им ги врати на судските службеници на кои им биле задржани и тоа во износ кој што им бил неисплатен. Околу оваа определба владата веќе имала зацртано и конкретни чекори.

На крајот претставниците на ЗСА укажаа на неможноста од спроведување на постапка за вработување од причини што условите кои што ги бара актуелниот закон за судска служба не можат да бидат исполнети и реализирани во пракса, заради што е потребно прво да следат измени во ЗСС, да се донесат потребните подзаконски акти и потоа да се одпочне со постапката за вработување. Во овој контекст беше нагласена потребата од измена на законот за Судска служба во делот на условите за вработување (сертификати за странски јазик, психолошки тестови и слично). Ова од причини што во другите закони ваквите услови се изменети, а во ЗСС сеуште постојат. Заради тоа претставниците на ЗСА побараа пред отпочнување со било каква постапка за вработување во судовите , да има измени во ЗСС.

  Побараа ангажман на ЗСА во изработката на законските измени на законот за судска служба, законот за судови и законот за АСЈО. Ова од причини што ЗСА  има конкретни и готови предлози за сите детектирани аномалии во законот за судска служба како и конкретни предлози за измени за законот за судови и АСЈО.         

На крајот на самата средба претставниците на ЗСА истакнаа дека конкретните забелешки и предлози за измените на погоре наведените закони, до претседателот на владата и до неговата главна советничка за правда ќе им бидат испратени најдоцна до 09.03.2018 година.

 Со тоа средбата заврши.

                                                                                                                                                                 Претседател,                                                                              

Борче Мирчески

Судови во Република Северна Македонија