Советот за владеење на правото е во текот на месец јуни одржа дводневна работилница на која што беше изготвен новиот стратешки план. Работилницата се оджа на 24-ти и 25-ти јуни, во хотел Карпош во Скопје.
Учество на работилницата зедоа претставници од организациите – основачи на Советот за владеење на правото: Здружение на судска администрација, Коалиција – Сите за правично судење, Здружение на млади правници и Европското здружение на студенти по право.
Стратешкиот план кој беше изготвен на оваа работилница се однесуваше на периодот од 2016 до 2018 година. Со него беа дефинирани идните стратешки приоритети и програми како и потенцијалните проекти кои би се изготвиле во рамките на дефинираните програми.