Досегашната примена на Законот за кривичната постапка-искуства, предизвици, предности и слабости

На ден 28.09.2015 г, во хотел Епинал – Битола, се одржа тркалезна маса на тема ,,Досегашната примена на Законот за кривичната постапка-искуства, предизвици, предности и слабости,,. Тркалезната маса беше организирана од страна на УСАИД Проектот за јакнење на судството.

На тркалезната маса присуствуваа 13 учесници од правната фела, а од Здружението на судска администрација претставници беа Гордана Николовска-судски соработник во Основен суд Битола, Билјана Секуловска Гагачева-судски соработник во Основен суд Битола и Силвана Дејаноска –судски соработник во Основен суд Битола.

 Тркалезната маса започна со излагањето на  Јавниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Битола – Мери Тромбева, а потоа свои излагања имаа и  судијата Анита Милошевска од Основениот суд Битола, судијата Ајрула Идризи од Основен суд Тетово, судијата Лазар Нанев од Основен суд Кавадарци и адвокат Емил Паришко ,како претставник од Здружението на млади правници.

Учесниците активно се вклучија со свои размислувања и прашања поврзани со темата, а посебно се обрна внимание на  делот посветен на новата улога на: јавниот обвинител, судиите, судиите на претходна постапка и адвокатите во новата кривичната постапка. Дел од дискусиите беше посветен и на прашањата за тоа како и по кој закон да постапуваат судиите во ситуации кога се засегнати правата на детото, за што се отвори поширока дебата.

Судови во Република Северна Македонија