Допис во врска со предлогот испратен до Претседателите на подружници и Судските администратори

На ден 01.07.2016 година од страна на ЗСА беше доставен предлог за ставање на штрајкот во мирување, кое мирување требаше да отпочне на 06.07.2016 година. Со оглед дека на состанокот на раководството на УПОЗ на кое присуствуваа и претставници на раководството на ЗСА беше заземен став дека штрајкот ќе се стави во мирување на почетокот на судската ферија, предлогот значеше штрајкот да биде ставен во мирување шест работни денови побрзо од ставот.

По доставувањето на предлогот, подружниците требаше да се произнесат по истиот и за тоа да го известат Претседателот на ЗСА. Во предвидениот рок до Претседателот на ЗСА, известување од одржаните состаноци доставиле 26 подружници. Од доставените известувања се констатира дека дел од подружниците се произнеле ЗА предлогот, а дел од подружниците се произнеле ПРОТИВ предлогот. Со оглед дека има поделени мислења ЗА и ПРОТИВ предлогот, Претседателот на ЗСА смета дека предлогот од 01.07.2016 година не го добил потребното мнозинство на подружници и дека истиот не е прифатен од подружниците, а со тоа смета дека штрајкот продолжува со ист интензитет и на ист начин до отпочнување на судската ферија.

За датумите на ставање на штрајкот во мирување и за негово повторно активирање ќе бидете дополнително известени после одржаните консултации на раководствата на ЗСА и УПОЗ.

Напоменуваме дека предлогот беше даден врз основа на направени анализи и најдобронамерно и дека тој  ќе допринесеше само кон позитивни ефекти за членовите на ЗСА  и за членовите на УПОЗ, како и за сите учесници во штрајкот. Меѓутоа, за да се промени една ваква одлука за време на штрајк, Претседателот на ЗСА смета дека за предлогот требало да се произнесат многу поголем број на подружници од тие што се произнеле. Со оглед дека тоа не беше случај, Ве известуваме дека штрајкот продолжува на ист начин како и досега.

Истовремено ги известуваме сите членови на ЗСА дека треба да се воздржат од коментари и активности  кои што би можеле да придонесат кон раздор на единството, како и кон несакани последици за самиот штрајк.

            Со овој допис да бидат запонзати членовите на подружниците.

Судови во Република Северна Македонија